Достапни линкови

Либија суспендирана од Советот за човекови права на ОН


Земјите членки на Светската организација синоќа ја суспендираа Либија од Советот за човекови права на ОН. Генералното собрание, во кое се претставници на 192 земји, едногласно го усвои предлогот на Советот за човекови права да го суспендира членството на Либија поради „ужасни и систематски кршења на човековите права“, изјави претседавачот на собранието Јозеф Дајс. Одлуката не ја исклучува Либија од Советот за постојано, но ја спречува да учествува се додека Генералното собрание не донесе одлука повторно да и додели полн статус.
XS
SM
MD
LG