Достапни линкови

logo-print

Клинтон: Либија клучен тест за надворешната политика на САД


Хилари Клинтон

Хилари Клинтон

Американската државна секретарка Хилари Клинтон изјави дека кризата во Либија е клучен тест за надворешната политика на САД, предупредувајќи оти Либија може да стане мирољубива демократска земја, или да се соочи со долготрајна граѓанска војна. Шефицата на американската дипломатија го повтори повикот до либискиот лидер Моамер ел Гадафи да се повлече од власта. Сведочејќи пред комитетот за надворешна политика на Претставничкиот дом на Конгресот, Клинтон истакна дека влогот е голем и оти пресудна ќе биде вистинската комбинација на американските дипломатски, развојни и воени напори. Таа нагласи дека Вашингтон и натаму ќе ги разгледува сите опции за Либија, се додека тамошната влада ги насочува топовите кон сопствениот народ.
XS
SM
MD
LG