Достапни линкови

logo-print

САД упатија воени бродови кон Медитеранот


Роберт Гејтс

Роберт Гејтс

Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс наредил неколку воени бродови да се упатат кон Средоземно Море, со што значително се зголемува притисокот врз либискиот лидер Моамер ел Гадафи. Гејтс изјави дека два амфибиски брода со 50-на хеликоптери и авиони со вертикално полетување и околу 800 маринци, ќе се сретнат со борбената група на носачи на авиони Ентерпрајс, која е во Црвено Море, на пат за Суецки Канал. Разгледуваме повеќе опции и планови за непредвидени околности, истакна Гејтс, додавајќи оти не е донесена одлука за каква било друга акција и оти нивна работа е да му пружат на претседателот најширок можен простор и можност за одлука.
XS
SM
MD
LG