Достапни линкови

Русија- решавање на косовскиот проблем со резолуција на ОН


Русија смета дека решавањето на косовскиот проблем е можно само со преговори врз база на резолуција на Советот за безбедност на ОН. Ова се вели во соопштението на руското Министерство за надворешни работи, по разговорите на заменик- шефот на дипломатијата Владимир Титов со специјалниот претставник на генералниот секретар на ОН, и шеф на мисијата на ОН во Косово Ламберто Заниер. Од руска страна беше потврдена позицијата за непризнавање на еднострано прогласената независност на Косово, соопштија од Министерството.
XS
SM
MD
LG