Достапни линкови

logo-print

Филип Гордон во европска турнеја, денеска во Грција


Филип Гордон

Филип Гордон

Американскиот помошник-државен секретар за европски и евроазиски прашања Филип Гордон, во рамките на мини европската турнеја денеска ќе престојува во Атина, каде што ќе се сретне со грчки владини и политички лидери. Тој во Грција ќе допатува од Бугарија, а утре заминува за Словачка, каде што ќе учествува на годишната ГЛОБСЕК конференција за безбедност, што ја организира словачката влада. Во своето обраќање на собирот Гордон ќе говори за односите меѓу САД и Централна Европа. Во Братислава Гордон ќе се сретне и со високи словачки претставници, како и со претставници на други земји од регионот кои учествуваат на конференцијата.
XS
SM
MD
LG