Достапни линкови

Во Србија уапсени шестмина осомничени за нелегален транспорт на имигранти


Српската полиција денеска упаси шест лица осомничени за нелегално пренесување на имигранти. Осомничените се соочуваат со обвиненија за смртта на петнаесетмина косовски Албанци кои во 2009 година се удавиле во реката Тиза при обид за нелегален влез во Унгарија. Според сознанијата на полицијата, осомничените наплаќале по неколку илјади евра по човек за нелегалниот транспорт преку српската граница.
XS
SM
MD
LG