Достапни линкови

Специјалниот пратеник на САД Гросман се сретна со претседателот Карзаи


Марк Гросман

Марк Гросман

Новиот специјален пратеник на САД за Авганистан и Пакистан денеска се сретна со авганистанскиот претседател Хамид Карзаи во Лондон. Марк Гросман разговараше со Карзаи за време на своето прво официјално патување од преземањето на функцијата минатиот месец. Неговиот претходник Ричард Холбрук почина во Декември минатата година. Од кабинетот на Авганистанскиот претседател соопштија дека на средбата со американскиот пратеник, Карзаи побарал интензивирање на соработката меѓу Соединетите американски држави и Авганистан.
XS
SM
MD
LG