Достапни линкови

Нови протести во Јемен


Нови протести избија во Сана, главниот град на Јемен, по изјавата на претседателот Али Абдула Салех дека Израел е виновен за немирите во арапскиот свет. Демонстрантите се насобрале на улиците кои водат кон Универзитетот, каде студенти кампуваат повеќе од една недела. Опозицијата во земјата го нарекува новиот бран немири најголем протест до сега кој, како и претходните, се организира во знак на незадоволство од 32 годишното владеење на претседателот Салех.
XS
SM
MD
LG