Достапни линкови

Кадровски смени во Тутунскиот комбинат


Тутунски комбинат Прилеп
Тутунски комбинат Прилеп

Владата го разреши претходниот и постави нов менаџер во прилепскиот загубар, Тутунскиот Комбинат, компанија со преку 70 отсто државен капитал.

Александар Дерменџиев е новото кадровско решение на Владата за комбинатот кој што се соочува со огромни финансиски проблеми, загуби, изгубени пазари во земјава и странство, неискористени капацитети. Одлуката на Владата ја изгласаа акционерите на вонредно Собрание кое се одржа зад затворена врата. Дерменџиев седна на жешката, но примамлива
Сепак е неважно кој се раководи со комбинатот во смисла на име и презиме. Значи желбата на сите нас и како прилепчани и како вработени е Тутунски Комбинат и понатаму да функционира,
да постои.
директорска фотелја, наследувајќи ги и проблемите со кои се соочуваше ексдиректорот Жарко Христоски.

Дел акционери на Собранието, тврдат дека не добиле одговор кои се причините за оваа кадровска промена, иницирана од Владата, четири месеци по редовното Собрание кога беше пофалена работата на ексдиректорот. Акционерите немаат никакви сознанија за финансискиот статус на комбинатот, зашто завршната сметка ќе биде презентирана на редовното Собрание, кое засега нема информација кога ќе се одржи. Неизвесноста за акционерите и работниците продолжува, но тие сега имаат сериозни очекувања од новиот менаџерски тим.

Годинава ја одбележаа и проблемите со откуп на тутунот

„Се надевам дека ќе има план новиот генерален директор за проширување на процесот на производство, значи со подобри производствени резултати, финансиски резултати, аналогно следуваат и повисоки лични доходи. Сепак е неважно кој се раководи со комбинатот во смисла на име и презиме. Значи желбата на сите нас и како прилепчани и како вработени е Тутунски комбинат и понатаму да функционира, да постои“, вели Венера Николоска, еден од малкутемина акционери и вработени во Комбинатот, кои се сложуваат јавно да говорат за проблемите со кои се
Дали е точно дека Тутунски комбинат во овие четири години вмровско владеење, по основ на законска давачка кон државата од 9 денари за кутија цигари, од кои што 5 денари се за здравство, 3 денари за земјоделство и 1 денар за екологија, нема уплатено на државна сметка ниту денар?
соочуваат.

Лазар Трајчев, адвокат од Скопје е новото кадровско засилување на 7-члениот Борд на директори. Но, и покрај овие кадровски промени и критична финансиска состојба, менаџерскиот тим одбива да се сретне со медиумите. Па останува енигма, која ќе биде деловната стратегија на новиот директор, дали постои реален стратегиски инвеститор и кој е ставот на Владата за иднината на компанијата со околу 1100 вработени. Но, затоа пак прилепските социјалдемократи зачестија со прес-конференции на кои жестоко обвинуваат.

„Тутунски комбинат овие четири години, ги урна рекордите во своето постоење од досега најниско производство на цигари, откупен и преработен тутун. Дали е точно дека Тутунски комбинат во овие четири години вмровско владеење, по основ на законска давачка кон државата од 9 денари за кутија цигари, од кои што 5 денари се за здравство, 3 денари за земјоделство и 1 денар за екологија, нема уплатено на државна сметка ниту денар? Ако е тоа така, тогаш се работи за огромни 22 милиони евра кои власта повторно ви ги простува, привилегирајќи ја компанијата со државен капитал, а нејзините раководни луѓе, владини пулени го крчмат имотот поради своето незнаење, нестручност и самобендисаност“, обвини Горан Сугарески, пратеникот од СДСМ.

Државата ги плати обврските на вработените кон ПИОМ, сега на работниците им тече стаж, но загубите кои се изразуваат во милиони евра се зголемуваат секоја година. Вработените очекуваат новите менаџери да стават крај на нивната децениска агонија.

Инаку, Тутунскиот Комбинат заедно со ОХИС, Еурокомпозит и Емо е во редот на македонските загубари чиј што статус мора да се реши со продажба на стратегиски инвеститор.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG