Достапни линкови

Не се планира зголемување на социјалната помош


Министерството за труд и социјална политика засега не планира зголемување на социјалната помош и покрај поскапувањата на дел од основните производи. Како што изјави денеска заменик министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски, ситуацијата е се уште под контрола и може да се менаџира со предвидените пари од народната каса. Според него, социјалната помош не доцни, средствата за сите права се буџетски пренесени. Тој ги квалификуваше како груба невистина жалбите за доцнење на воената инвалиднина и надоместокот за семејствата на загинатите бранители.
XS
SM
MD
LG