Достапни линкови

Железничарите најавија штрајк на 24 март


Вработените во железницата денеска најавија штрајк на 24-ти Март. Тие бараат зголемување на плата согласно порастот на животните трошоци, учество во изработката на Колективниот договор и систематизацијата како и информации за моменталната состојба во нивната фирма. Претставници на синдикатот денеска изјавија дека генералниот директор на „МЖ Транспорт“ и Министерството за транспорт и врски не одговориле на барањата на вработените, и покрај тоа што барањето било испратено на десетти јануари годинава.
XS
SM
MD
LG