Достапни линкови

Претседателот на Јемен смета дека Израел ги предизвикува немирите


Од анти-владините протести во Јемен

Од анти-владините протести во Јемен

Претседателот на Јемен Али Абдула Салех денеска го обвини Израел за планирање и финансирање на немирите во неговата и другите арапски земји. Салех исто така упати критики до американскиот претседател Барак Обама за изразена подршка на протестите. Претседателот на Јемен рече дека Обама се меша во работите на арапските земји. Салех, кој е клучен американски сојузник во борбата против тероризмот, се соочува со зголемени притисоци од секојдневните протести преку кои се бара крај на неговото триесет и две годишно владеење.
XS
SM
MD
LG