Достапни линкови

Анкета на ИПИС за изборите


Ако утре се оддржат парламентари избори 23,5 отсто од македонските граѓани би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, а 13 отсто за СДСМ, покажува анкетата на Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС), во која биле вклучени 1.100 испитаници. Процентот на неопределените испитаници и оние кои не дале одговор на ова прашање е 20,8 отсто, додека 27,7 проценти од анкетираните рекле дека нема да гласаат.
Според резултатите, ЛДП има рејтинг од 1,1 отсто, додека останатите партии од македонскиот блок уживаат доверба помала од еден процент. Во албанскиот блок партии, најголем рејтинг има ДУИ со 7 отсто, по која следува ДПА со 3,2 насто и Нова демократија со 2 проценти.
XS
SM
MD
LG