Достапни линкови

Новиот амбасадор на ЕУ Соренсен доаѓа во Скопје


Фуере си заминува

Фуере си заминува

Новиот амбасадор на Европската унија во Македонија данскиот дипломат Петер Соренсен, кој доаѓа на местото на евроамбасадорот Ерван Фуере, денеска пристигнува во Скопје.
Во својата досегашна кариера, 44-годишен дански дипломат ја извршувал функцијата личен пратеник на поранешниот висок претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Хавиер Солана во Белград и шеф на канцеларија на Унијата во Косово, и важи за добар познавач на регионот.
Соренсен вo петок ќе му ги предаде акредитивните писма на претседателот Ѓорѓе Иванов.
XS
SM
MD
LG