Достапни линкови

Иранската опозиција планира протести


Иранската опозиција планира да одржи протести во Техеран и други градови за да побара ослободување на двајцата свои лидери. До протестите доага еден ден откако Мир Хосеин Мусави и Мехди Каруби беа однесени во затвор во Техеран. Тие претходно беа во домашен притвор откако повикаа на протести на 14 февруари во знак на подршка на случувањата во Египет и Тунис. Белата куќа соопшти дека приведувањето на двајцата водачи на опозицијата е неприфатливо и повика за нивно ослободување.

XS
SM
MD
LG