Достапни линкови

Сараево одбележува 19 години независност на БиХ


Сараево

Сараево

Во Муслиманско-хрватската федерација ќе се одбележат 19 години од референдумот на кој босанските муслимани и Хрвати гласаа за независност на Босна од Југославија. Во Република Српска тој датум не го признаваат за официјален празник. Босанските Срби не учествуваа во референдумот пред 19 години. Босанските муслимани го одбележуваат тој датум како Ден на државноста на Босна и Херцеговина. Во РС сметаат дека референдумот бил една од причините за тригодишната крвава војна и незаконски сепаратистички акт.
XS
SM
MD
LG