Достапни линкови

Времето денеска ќе биде облачно


Времето во Македонија ќе биде претежно облачно. Во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд и снег во пониските, а на повисоките места и на планините врнежите ќе бидат само од снег.
Утринската температура ќе се движи минус четири до четири, а дневната од три до седум степени.
Во Скопје и околината ќе преовладува променливо облачно време. Попладне ќе има услови за провејување на слаб снег. Утринската температура ќе се спушти до еден, а дневната ќе достигне до четири степени.
XS
SM
MD
LG