Достапни линкови

ЕУ ги одобри санкциите за либискиот лидер Гадафи


Либискиот лидер Моамер Гадафи

Либискиот лидер Моамер Гадафи

ЕУ денеска ги одобри санкциите против режимот на либискиот лидер Моамер Гадафи, кои вклучуваат ембарго за оружје, замрзнување на имот и забрана за добивање на виза. Унгарскиот министер за енергија Тамас Фелеги чија земја претседава со Унијата изјави дека одлуката била донесена денеска за време на состанокот на амбасадорите на Унијата во Брисел. Според Фелеги санкциите ќе бидат спроведени врз одговорните за насилството на протестите во Либија.
XS
SM
MD
LG