Достапни линкови

Во Република Македонија процесот на децентрализација не се одвива според потребната динамика, покажува истражувањето спроведено во 12 општини во Македонија

Во Република Македонија процесот на децентрализација не се одвива според потребната динамика. Оваа оценка стои во истражувањето спроведено со проектот „Мониторинг на децентрализацијата во сферата на фискалната децентрализација, урбанизмот, образованието и услужните дејности“, што е извршено во 12 општини во Република Македонија, меѓу кои и во општина Дебар, од страна на Центарот за развој на локалната демократија во соработка со локалните власти и со поддршка на Фондацијата Институт отворено општество-Македонија. Истражувачот во проектот Ѓорѓи Христов, за време на презентацијата на резултатите од истражувањето во
Децентрализацијата во Република Македонија барем засега не чекори со онаа брзина што ние би сакале да ја видиме. Но, има простор во наредниот период да се направат поголеми напори за да се дадат поголеми овластувања на општините и да се стимулира децентрализацијата. Тоа треба да биде реално, а не само формално.
Дебар пред членовите на Советот, претставници на НВО и на локалните институции, рече дека има различна динамика на спроведување на децентрализацијата во зависност од областите.

„Децентрализацијата во Република Македонија барем засега не чекори со онаа брзина што ние би сакале да ја видиме. Но, има простор во наредниот период да се направат поголеми напори за да се дадат поголеми овластувања на општините и да се стимулира децентрализацијата. Тоа треба да биде реално, а не само формално. Нашите истражувања покажаа дека најголем пад во имплементацијата на децентрализацијата во периодот 2008 – 2010 година има во делот на финасиските услуги. Но, треба да се нагласи дека има и области како што е образованието, каде што има побрз напредок. Нема задоволителни резултати и во однос на фискалната децентрализација, бидејќи во 2009 година има намалување во споредба со 2008 година.“

Споменикот на Скендербег во центарот на Дебар

Според Христов, истражувањето спроведено во општина Дебар ги искажува истите проблеми во процесот на децентрализација како и во другите општини во земјава.

„Идејата на ова истражување не беше да се врши рангирање на општините, бидејќи многу од факторите не зависат само од перформансите на општините. Цел беше да се види како се движи децентрализацијата. Инаку и Дебар како општина е во просек како и другите општини во Република Македонија.“

Резултатите од ова истражување наскоро ќе бидат тема на расправа и во ЗЕЛС.
  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG