Достапни линкови

Бесплатен превоз за пензионерите во Битола


Битола

Битола

Околу 16.000 пензионери од битолскиот крај ќе можат секој петок бесплатно да го користат градскиот превоз.

Ова е иницијатива на Здружението на пезнионери во соработка со општината и градските превозници.
Многу ќе придонесе за нашите членови од општината и приклучувајки села, приградски населби. Тој ден можат да се возат бесплатно. Единственото што треба да го направат е да покажат талонче од пезнијата и лична
карта.

„Многу ќе придонесе за нашите членови од општината и приклучни села, приградски населби... Тој ден можат да се возат бесплатно. Единственото што треба да го направат е да покажат талонче од пезнијата и лична карта. Ние имаме пензионери и од Новаци и Могила кои во овој момент се малку надвор од ситуцаијата бидејќи се работи за други општини, но ветуваме дека и нив ќе ги вклучиме во оваа услуга“, изјави претседателот на пензионерското здружение, Томе Илиоски.

Илустрација: Пензионери

Пензионерите ќе имаат можност бесплатно да се возат со десет превознички компании. Превозот е бесплатен, но за таа услуга тие ќе добваат одреден финансиски надомет од пезнионерското здружение. Од општината велат дека, иако се работи за пензионери, често покренуваат иницијативи во полза на членството.
Општината веќе организира бесплатен превоз на слепите лица и лицата со посебни потреби. Еве сега уште еден момент во соработка со здружениоето на пензионери од Битола секој петок, секоја недела бесплатен превоз за пензионерите.

„Тие се толку полетни и потсетуваат на некоја активна младинска екипа која има навистина безброј идеи. Општината веќе организира бесплатен превоз на слепите лица и лицата со посебни потреби. Еве сега уште еден момент во соработка со здружението на пензионери од Битола секој петок, секоја недела бесплатен превоз за пензионерите“, вели градоначалникот Владимир Талески.

Освен оваа погодност, наскоро ќе има и друга за пензионерите кои живеат во битолскиот старски дом кој ќе се реконструира со европски пари.

„Тоа беше избран проект, се партиципира со 600.000 евра. Сега на тендер се избираат оние кои треба да ја изведат целата таа реконструкција. Се работи за освременување на двата блока на Сју Рајдер. Постапката е во финална фаза штом се изберат изведувачите убеден сум дека ќе започне реконструкцијата на старскиот дом“, додава Талески.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG