Достапни линкови

Притисок за името


Груевски признава дека прифатил промена на името, но опозицијата се сомнева во намерите за референдум

Груевски признава дека прифатил промена на името, но опозицијата се сомнева во намерите за референдум

Според експертите, меѓународниот притисок е причина што премиерот Груевски и јавно потврдува дека се согласил на промена на името.

Прашањето не е на што се сетил или заборавил да го спомене господинот Груевски по 3 години. Она што е потребно е да се најде решение денес, сега. Грција има доставено предлози за праведно и прифатливо решение. Предлози што можат веднаш да ја прекинат безизлезната ситуација, одговори портпаролот на грчкото МНР, Григорис Делавекурас по изјавата на македонскиот премиер дека прифатил промена на уставното име пред самитот во Букурешт. Делавекурас изјави дека Грција очекува одговор од македонска страна, решение кое ќе ја забрза евроатланската иднина на соседната земја и ќе креира рамка за добри меѓусоседски односи.
Во писмото пишува буквално, дека Република Македонија во 2008 година се согласи напромена на името Република Македонија (Скопје) и Грција е таа која што го одби овој предлог, што значи дека ниту ,,Р" од референдум не пишува владата до ОН.

Во Социјалдемократскиот Сојуз велат дека Груевски пак не бил искрен, туку дека изјавата ја дал поради тоа што писмото што министерот Антонио Милошоски го испратил до ОН, ќе излезе во јавност. Радмила Шеќеринска од СДСМ вели дека Груевски прифатил промена на уставното име, но без референдум, а не како што вчера тврдеше македонскиот премиер.

Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски на прес-конференција за време на Самитот на НАТО во Букурешт на 3 април 2008 година

„Во писмото пишува буквално, дека Република Македонија во 2008 година се согласи на промена на името во Република Македонија (Скопје) и Грција е таа која што го одби овој предлог, што значи дека ниту ’Р‘ од референдум не пишува владата до
Македонија е заинтересирана да го реши овој долгогодишен спор, но никако тоа решение не смее да задира во нашиот национален идентитет и јазик.
ОН.“

Од ВМРО-ДПМНЕ уверуваат дека македонската страна секогаш била конструктивна и дека е подготвена да прифати компромисно решение кое нема да го загрозува македонскиот идентитет и јазик.

„Република Македонија е земја што е заинтересирана да влезе во ЕУ и во НАТО, што значи дека е заинтересирана да го реши овој долгогодишен спор, но никако тоа решение не смее да задира во нашиот национален идентитет и јазик“, изјави Петар Поп-Арсов од ВМРО-ДПМНЕ.
Меѓународниот притисок врз нашата влада е толку силен што тие мораат веќе јавно да манифестираат конструктивна соработка.


За познавачите на оваа област, идејата Република Македонија (Скопје) потекнува од 1993 година. Но, тогаш немавме конфликт околу идентитетот и историјата, што пак го усложнува ова прашање, вели поранешниот министер за надворешни работи, Денко Малески. Според него, меѓународниот притисок е причината поради која премиерот Груевски, вчера јавно призна дека пред три години се согласил на промена на уставното име на државата.

„Меѓународниот притисок врз нашата влада е толку силен што тие мораат веќе јавно да манифестираат конструктивна соработка, меѓутоа проблемот е малку посериозен не се сфаќа оти веќе не е само во прашање името на држата, туку во прашање се малку посложени идентитетски теми.“

Дали поставувањето на ова прашање на референдум ќе значи бегање од одговорност на политичкото раководство и оставање можност народот да го блокира процесот, според Малески останува неизвесно.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG