Достапни линкови

Авганистанскиот претседател Карзаи во посета на Британија


Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи е во тридневна посета на Британија. Неговиот кабинет соопшти дека Карзаи ќе се сретне со британскиот премиер Дејвид Камерон со кој ќе разговара за безбедноста и реконструкцијата на Авганистан.
Карзаи утре ќе се сретне со некои владини лица, меѓу кои и министерот за одбрана Лиам Фокс со кој ќе разговара за трансферот на безбедноста во Авганистан од НАТО силите во рацете на домашната армија, кој ќе започне летово.
XS
SM
MD
LG