Достапни линкови

Клинтон во Женева на разговори за кризата во Либија


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон денеска во Женева ќе се сретне со клучните европски лидери на разговори за кризата во Либија. Клинтон ќе има обраќање и во Советот за човекови права на Обединетите нации, чии членови сакаат да ја исклучат Либија од оваа организација.Советот за безбедност веќе воведе санкции против либискиот лидер Моамер Гадафи и неговото семејство, и воведе ембарго за оружје . Американскиот претседател Барак Обама го повика либискиот лидер Моамер Гадафи да поднесе оставка и изјави дека Гадафи ја загубил легитимноста, поради насилството против неговите граѓани.
XS
SM
MD
LG