Достапни линкови

Двајца загинати на протестите во Оман


Две лица загинале, а пет се повредени денеска за време на судирите меѓу демонстрантите и безбедносните сили во Оман. Полицијата употребила солзавец и гумени куршуми за да ги растури протестите. Неколку стотина луѓе протестираа во Сохар, кој е одалечен 200 километри од главниот град Мускат. Тие бараат поголеми плати и спроведување на политички реформи.
XS
SM
MD
LG