Достапни линкови

Несогласувања меѓу ВМРО и СДСМ за предвремените избори


Премиерот Никола Груевски изјави денеска дека власта ќе остане на намерата да бидат распишани парламентарни избори во кои ќе се расчистат сите дилеми кои биле создадени и со нив ќе се стави крај на штетата на државата за која е одговорен лидерот на опозицијата Бранко Црвенковски. Според Груевски претседателот на ДИК Александар Новаковски поднел оставка поради притисокот од СДСМ, но тоа нема многу да ја промени ситуацијата. СДСМ пак денеска побара постигнување на консензус меѓу власта и опозицијата и исполнување на нивните барања за изборите да бидат фер и слободни. Според СДСМ нивните барања се легитимни и логични.
XS
SM
MD
LG