Достапни линкови

Саудиските интелектуалци бараат итно спроведување на реформи


Кралот на Саудиска Арабија Абдула

Кралот на Саудиска Арабија Абдула

Повеќе од 100 луѓе, меѓу кои и саудиски академици и активисти го повикаа кралот да спроведе итно реформи во земјата, меѓу кои и воспоставување уставна монархија. Во соопштението на интернет активистите велат дека Саудиска Арабија е полна со корупција и непотизам и недостигот на прогрес во ветените реформи предизвикало поделби во земјата. Кралот Абдула денеска нареди привремено вработените во владата да добијат решение за работното место. Кралот во минатата недела најави дека ќе бидат издвоени 36 милијарди долари за економски бенефиции за граѓаните со мали примања.
XS
SM
MD
LG