Достапни линкови

logo-print

Британија му го одзеде дипломатскиот имунитет на Гадафи


Либискиот лидер Моамер Гадафи

Либискиот лидер Моамер Гадафи

Британија денеска му го одзеде дипломатскиот имунитет на Моамер Гадафи и неговото семејство, еден ден откако ОН ја усвоија резолуцијата за спроведување санкции врз Либија. Британскиот секретар за надворешни работи Вилијам Хаг изјави дека граѓаните на Либија се кренаа против Гадафи и земјата е под закана на цивилна војна, поради убиствата на демонстрантите и време е Гадафи да си оди. Според Хаг тоа е најдобрата можност за Либија.
XS
SM
MD
LG