Достапни линкови

Ирачкиот премиер им даде ултиматум на министрите


Ирачкиот премиер Нури Ал Малики

Ирачкиот премиер Нури Ал Малики

Ирачкиот премиер Нури Ал Малики изјави денеска дека им дава рок од 100 дена на министрите да ја подобрат нивната работа, откако илјадници луѓе излегоа на протести за подобри јавни услуги. Демонстрантите кои во петокот маршираа кон владината зграда се судрија со безбедносните сили, при што најмалку 14 лица загинаа.
Премиерот му соопштил на кабинетот дека секој министер ќе биде оценет, бидејќи промените се неопходни. Демонстрантите повикаа на нови протести на 4 март за одбележување на годишнината од спорните парламентарни избори.
XS
SM
MD
LG