Достапни линкови

Често се објавуваат анкети за рејтингот на партиите. Веродостојноста доведена во прашање, но едно е заедничко - најголем процент од граѓаните се неопределени.

Власта ја фрли ракавицата за предвремени избори и веднаш проработеа клишеата – кој каков рејтинг има, каква е популарноста на Груевски наспроти Црвенковски, Ахмети контра Тачи. Ако се суди по досега објавените резултати од спроведени сондажи тогаш едно е сигурно - се уште е најголем процентот кој одговара дека не знае дали ќе гласа и за кого? Само околу ова анкетите се единствени.
Анкетите кои ги мерат рејтинзите, генерално се потврдуваат со нивната релевантност на изборите, реално и друг начин да ги потврдите, немате кога нема
избори.

Во Македонија тие се нарачуваат од партиите, главно ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, а се говори дека неодамна и ДУИ направила тест за своето влијание само меѓу албанскиот електорат. И како по правило се доведува во прашање веродостојноста на анкетата, затоа што партиски институти пречесто и без стандарди ги прават и објавуваат секоја недела.

„Анкетите кои ги мерат рејтинзите, генерално се потврдуваат со нивната релевантност на изборите, реално и друг начин да ги потврдите, немате кога нема избори“, вели Никола Спасов од агенцијата Рејтинг.

„Основната функција на анкетата не е да се прави некакво влијание да се креира јавно мислење, туку обратно врз основа на резултатите вие да преземете одредени потези, да креирате јавно мислење“, вели Ѓорѓи Кимов од Брима Галуп.
Основната функција на анкетата не е да се прави некакво влијание да се креира јавно мислење, туку обратно врз основа на резултатите вие да преземете одредени потези, да креирате јавно мислење.

Во последнава година весникот Дневник нарачува испитување на јавното мислење, последнта анкета на овој дневен весник беше за популарноста на министрите во владата на Груевски.

„Мислам дека е важно медиумите да имаат сопствени истражувања, особено медиумите кои претендираат да бидат неутрални и независни и јас лично верувам дека и пошироката јавност со сомнеж гледа на резултатите на анкетите кои се нарачани од одредена политичка партија“, објаснува главниот уредник на Дневник Сашо Кокаланов:

„Конкетно анкетите кои ги гледате во јавноста се сите на репрезентативен примерок, тоа би значело 1000/1500 испитаници, тие се телефонски анкети, да речеме оние за Дневник“, изјави Никола Спасов од агенцијата Рејтинг.

„Се нарачуваат анкети кои ќе создадат претстава во јавнoста дека таа политика е одобрена од мнозинството луѓе“, посочува Кокаланов.
XS
SM
MD
LG