Достапни линкови

Хрватската влада го осуди насилството на протестите


Хрватската влада го осуди насилството на протестите во Загреб. Потпаролот на владата Младен Павиќ изјави дека според некои нивни сознанија немирите ги организирале и финансирале некои од опозициските партии. Загребската полиција синоќа се судри со демонстрантите кои сакале да го пробијат полицискиот кордон за да стигнат до плоштадот Свети Марко и притоа 60 лица биле уапсени.
Вчерашниот протест беше организиран од Здружението на хрватските бранители 1990-1996.
XS
SM
MD
LG