Достапни линкови

logo-print

Обама го повика Гадафи да поднесе оставка


Американскиот претседател Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама го повика либискиот лидер Моамер Гадафи да поднесе оставка. Обама изјави дека Гадафи ја загубил неговата легитимност, поради насилството против неговите граѓани. На немирите на анти-владините протести во Либија загинаа стотици луѓе. Според Ројтерс Гадафи ја губи контролата врз Триполи, а полицијата напуштила одредени делови од градот.
XS
SM
MD
LG