Достапни линкови

Гадафи им давал оружје на приврзаниците на неговиот режим


Либискиот лидер Моамер Гадафи

Либискиот лидер Моамер Гадафи

Либискиот лидер Моамер Гадафи им давал оружје на неговите приврзаници и поставувал контролни пунктови и патроли во главниот град Триполи, соопштија агенциите, кои се повикуваат на локалните граѓани. Голем дел од жителите на Триполи денеска се во своите домови, бидејќи неможат да излезат поради патролите низ градот. Според Асошиејтед прес Гадафи давал автомобил и пари на секој поединец, кој ќе донесе уште тројца луѓе кои би се бореле на страната на неговиот режим.
Гадафи во неговото вчерашно обраќање им порача на приврзаниците да се подготват за одбрана на нацијата.
XS
SM
MD
LG