Достапни линкови

logo-print

Иванов-не е завршена истрагата за смртта на Трајковски


Претседателот Ѓорѓе Иванов

Претседателот Ѓорѓе Иванов

Претседателот Ѓорѓе Иванов изјави денеска дека истрагата за авионската несреќа при која загина поранешниот претседател Борис Трајковски за македонските власти не е завршена. Според Иванов комисијата која го води случајот ги собира сите документи, соработува со сите фактори и разговара со надлежните во Босна. Иванов присуствуваше на церемонијата во Ротимље, во близина на Мостар каде се одбележуваше годишнината од смртта на Трајковски, кој загина во авионска несреќа во 2004 година.
XS
SM
MD
LG