Достапни линкови

Британија и Германија за санкции против режимот во Либија


Анти-владини протести во Либија

Анти-владини протести во Либија

Лидерите на Германија и Британија денеска се согласија дека треба да се спроведат меѓународни санкции што побрзо против режимот во Либија. Кабинетот на германската канцеларка Ангела Меркел соопшти дека таа и британскиот премиер Дејвид Камерон веруваат дека Советот за безбедност на ОН мора да ги усвои санкциите во најбрзо време. Советот се состанува денеска за да разговара за санкции против либискиот претседател Моамер Гадафи со цел да се прекине насилството на анти-владините протести во земјата.
XS
SM
MD
LG