Достапни линкови

logo-print

Џорџ Буш не сака да е заедно со Џулијан Асанж


Поранешниот американски претседател Џорџ Буш

Поранешниот американски претседател Џорџ Буш

Поранешниот американски претседател Џорџ Буш ги откажа плановите да говори во Денвер, Колорадо, со образложение дека на истиот настан бил поканет и основачот на Викиликс Џулијан Асанж. Портпаролот на Буш објасни дека тој не сакал да биде на ист форум со некој кој, како што изјавил, намерно и постојано им нанесува голема штета на американските интереси. На форумот по се изгледа нема да учествува ни Асанж кој во Лондон чека евентуална екстрадиција во Шведска под обвинение за сексуално злоставување.
XS
SM
MD
LG