Достапни линкови

Гадафи повика на војна и ќе дели оружје


Либијскиот лидер Моамер Ел Гадафи, денеска во Триполи им се обрати на илјадниците собрани негови подржувачи, повикувајки ги да се подготват за одбрана на земјата, за одбрана на нафтата. Ако сакаат војна, ќе ја добијат, а ние ќе победиме, изјави Гадафи, и најави дека ќе им дели оружје на неговите приврзаници. Истовремено, Гадафи ги повика насобраните да пеат, да танцуваат и да слават во текот на ноќта.
Во Женева, пак Советот за човекови права на Обединетите Нации изгласа резолуција со која се бара исклучување на Либија од ова тело поради насилствата врз демонстрантите.
XS
SM
MD
LG