Достапни линкови

Ескалираат насилствата во Либија


Женева 25.02.11

Женева 25.02.11

Насилното задушување на анти-валдините протести во Либија алармантно ескалира, оцени денеска во Женева високиот комесар за човекови права на Обединетите Нации Нави Пилај. На специјалниот состанок на ова тело, Пилај истакна дека илјадници цивили се убиени или ранети на протестите против Гадафи. Во меѓувреме, и денеска, според очевидци, силите лојални на Гадафи, во Триполи пукале врз демонстрантите, при што најмалку две лица биле убиени. За ситуацијата во Либија денеска состанок одржува и НАТО во Брисел, а во Њујорк ќе заседава Советот за безбедност на Обединетите Нации.
XS
SM
MD
LG