Достапни линкови

5 години затвор за ставање терористички содржини на интернет


Судот во Лондон му изрече казна затвор од 5 години на еден студент по право поради постирање исламистичка терористичка пропаганда на интернет. 23-годишниот Мухамед Ѓул е прогласен за виновен за дистрибуција на терористички публикации, околу 30 видеа, песни и други материјали од сајтови на Ал Каеда и на Талибанците. Ѓул изјави дека тоа го правел од љубопитност и оти не го подржува тероризмот.
XS
SM
MD
LG