Достапни линкови

Финансирањето на изборните кампањи под контрола?


По најавите за предвремени избори, ги повикувам политичките партии да седнеме и да работиме на затворање на вентилите од каде се појавува корупцијата во однос на нерегуларностите во финансирањето на партиите и на изборните кампањи. Со тоа пред граѓаните ќе покажат дека освен за теснопартискиот, политичките субјекти се заинтересирани и за општиот интерес, рече претседателот на Државната коруцпија за спречување на коруцпијата Илми Селами. Дебатата за измените и дополнувњата на Законот за финансирање на политичките партии, кои треба да бидат донесени до крајот на мај, иницираше денеска Државната комисија за спречување на корупција, а присуствуваа претставници на најголемите политички партии во земјата, невладини и меѓународни организации.
XS
SM
MD
LG