Достапни линкови

logo-print

Да се организира „лидерска“ и да прекине собранискиот „театар“


Пратеникот на ДУИ Рафис Алити денеска го повика лидерот на неговата партија Али Ахмети да иницира лидерска средба на која би станало збор за разрешување на политичката состојба во земјата. И пратеничката група на НСДП, ЛП и НА денеска на прес-конференција побара да се организира ваква средба на која би присуствувале лидерите на сите парламентарни партии.
На оваа средба, според пратеничката група, да се договори датумот и изборните правила за одржување на предвремените парламентарни избори.
Предлагаме да се прекине театарот во Собранието каде што се глуми институционален дијалог и да се организира лидерска средба со сите парламентарни партии, на која ќе се договори датумот и изборните правила за одржување на предвремените парламентарни избори, рече Горан Мисовски од НСДП, заменик- координатор на пратеничката група.
Тој соопшти дека пратеничката група не беше претставена на координативната средба кај собранискиот спикер Трајко Вељаноски, бидејќи не се исполнети условите на опозицијата од страна на владејачкото мнозинство
XS
SM
MD
LG