Достапни линкови

И Синдикатите во Македонија сакаат избори - веднаш


Претседателот на ССМ Живко Митревски

Претседателот на ССМ Живко Митревски

Предвремените парламентарни избори да се реализираат веднаш ако за тоа навистина постои политичка волја, бараат Сојузот на синдикатите на Македонија и Конфедерацијата на слободни синдикати .
Само така, како што оценија денеска на прес-конференција здружените синдикати, може да се надмине актуелната, според нив, исклучително тешка и политички комплицирана состојба.
Без да се инволираме политички порачуваме нека победи оној што ќе понуди поквалитетна и подобра програма за граѓаните, истакна претседателот на ССМ Живко Митревски.
Најголеми заложници на моментната политичка ситуација во земјава, додаде Митревски, се работниците.
XS
SM
MD
LG