Достапни линкови

Саудиска Арабија го зголеми производството на нафта


Њујорк - берза 22 февруари 2011

Њујорк - берза 22 февруари 2011

Саудиска Арабија го зголеми производството на нафта за 700 илјади барели дневно. Како што јави Ројтерс, земјата сега произведува над 9 милиони барели дневно. Цените имено, растат поради ситуацијата во Либија. Саудијска Арабија соопшти дека ќе ги пополни сите празнини во побарувачката за нафта.
Во меѓувреме, преставник на едно од 4 најголеми нафтени полиња во Либија соопшти дека производството на нафта не е нарушено од анти владиното востание.
XS
SM
MD
LG