Достапни линкови

Анти-владини демонстрации во Ирак


Ирачката армија го забрани движењето на возила во Багдад поради денешните анти-валдини протести. Премиерот Нури Ал Малики ги предупреди ирачаните да не учествуваат на протестите, оценувајки дека се организирани од приврзаниците на Садам Хусеин и Ал Каеда. Шиитските религиозни лидери исто така повикаа на бојкот на демонстрациите. Сепак во Багдад неколку илјади демонстранти протестираат на главниот плоштад, поради невработеноста и корупцијата. Агенциите јавуваат дека демонстрации се одржувале и во неколку други ирачки градови, каде што во судирите со полицијата имало и загинати.
XS
SM
MD
LG