Достапни линкови

Судир на демонстрантите и полицијата во Загреб


Протести во Загреб

Протести во Загреб

Повеќе луѓе се повредени синоќа во Загреб во судирите меѓу антивладините демонстранти и полицијата, јавија хрватските медиуми. Околу илјада демонстранти во еден момент се обиделе да ја пробијат полициската барикада и со сила да влезат на плоштадот, на кој се наоѓаат зградите на Владата и Саборот, по што полицијата се пресметала со нив и привела 11 луше мегу кои и организаторот Иван Пернар, Полицајците се бранеле со штитови, а од демонстрантите го одзеле сообраќајниот знак со долга шипка, со кој тие се обиделе да ја пробијат барикадата. Но демонстрантите искорнале и друг сообраќаен знак и повторно се обиделе да ја пробијат барикадата, по што дошло до поголем судир со полицијата, при што се повредени повеќе луѓе. Освен во Загреб, антивладини протести имаше и во други градови во Хрватска.
XS
SM
MD
LG