Достапни линкови

logo-print

Советот за човекови права на ОН ќе расправа за Либија


Женева-Советот за човекови права на ОН

Женева-Советот за човекови права на ОН

Во Женева денеска ќе се одржи итна седница на Советот за човекови права при ОН за состојбите во Либија и за можноста да се суспендира учеството на таа земја од Советот. Се очекува дека ЕУ со помош на САД да побарат Либија да биде суспендиарана. ЕУ сака Советот за човекови права да го осуди насилството против цивилите во Либија и да наведе дека либиските власти систематски ги кршат човековите права. Во нацрт резолуцијата се педлага во Либија да биде испратена независна комисија на ОН да спроведе истрага за насилствата и за евентуалните кршења на човековите права. Либија стана членка на Советот за човекови права во мај минатата година, кога за тоа гласаа 155 членки од 192 земји. Преставувајки ја својата кандидатура тогаш либиските власти велеа дека ќе ги заштитуваат човековите права.
XS
SM
MD
LG