Достапни линкови

„Секта на револуционерите“ на црната листа на САД на терористички организации


САД ја ставија грчка организација „Секта на револуционерите“ на црната листа на терористички организации и им забрани на американските граѓани да имаат деловни контакти со неа. „Секта на револуционерите“ од нејзиното појавување по немирите во 2008 година, кои избувнаа откако полицијата уби тинејџер, ја презеде одговорноста за убиството на полицаец и новинар. Организацијата стоеше и зад нападите врз полициска станица и телевизиска станица. Во соопштението на американските власти се наведува дека организацијата користи насилство со цел да изврши револуција и да ја собори грчката Влада и дека голем број нејзини терористички активности се закана за националната безбедност на САД.
XS
SM
MD
LG