Достапни линкови

УЕФА им се закани на Србија и на Хрватска


Шефот на УЕФА Мишел Платини

Шефот на УЕФА Мишел Платини

Шефот на УЕФА Мишел Платини ги предупреди Србија и Хрватска дека на нивните национални тимови може да им биде забрането да настапат на Европското првенство во 2012, ако српските и хрватските навивачи продолжат да предизвикуваат проблеми.
Платини ставот го соопшти по вчерашните средби со српскиот претседател Борис Тадиќ во Белград и со хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ во Загреб. Српски и хрватски фудбалски навивачи имаат историја за вмешаност во насилства и други проблеми за време на натпревари како на домашен терен , така и во странство. Европското првенство во 2012-та ќе се одржи во Полска и Украина.
XS
SM
MD
LG