Достапни линкови

Авиони на Боинг за Американското воено воздухопловство


Американскиот производител на авиони Боинг го доби тендерот за снабдување на 179 нови авиони за потребите на Американското воено воздухопловство. Новите авиони всушност треба да бидат воздушни танкери кои ќе обезбедуваат гориво за борбените авиони и за други летала. Пентагон објави дека договорот со Боинг вреди 35 милијарди долари. Боинг се натрпеварувал со уште една фирма која е произведувач на Ербас авионите. До 2017-та година, Боинг треба да испорача 18 нови воздушни цистерни за Американското воено воздушопловство. Другата фирма има 10 дена да поднесе жалба.
XS
SM
MD
LG