Достапни линкови

Избори во Ирска


Премиерот на Ирска Брајан Коен и претседателката Мари МекАлис

Премиерот на Ирска Брајан Коен и претседателката Мари МекАлис

На денешните избори во Ирска се очекува владеачката Републиканска партија да се симне од власт. Ова се први избори, по договорот со кој земјата доби 85 милиони евра помош од ЕУ и од Меѓународниот монетарен фонд за излез од економскиот колапс. За излез од кризата, Ирска е принудена да штеди, а има и други економски проблеми. Анкетите покажуваат дека владеаката партија ќе биде казнета од гласачие затоа што ја доведе земјата до економски колапс, а се очекува гласовите да ги добие Централно-десничарската партија. Околу 3, 1 милиони луѓе во Ирска имаат право на глас.
XS
SM
MD
LG