Достапни линкови

Многу теорија, малку пракса


Бизнис форум - Образованието наспроти потребите на бизнис заедницата

Бизнис форум - Образованието наспроти потребите на бизнис заедницата

Факултетска диплома, но без практични знаења - главна причина за невработливоста на младите во Македонија. Компаниите се жалат дека нововработените, без дополнителни обуки, се бескорисни.

Младата сила е невработлива, постои јаз меѓу стекнатото теоретско познавање на младиот кадар и вистинските потребите на бизнис-секторот. Ова е заклучок на дел од претставниците на бизнис-заедницата. Работодавачите се жалат дека имаат потешкотии при вработување на соодветен кадар.

Анкетата на Американската стопанска комора спроведена меѓу дел од бизнис-заедницата покажува дека на пазарот има недостиг од висококвалификуван кадар. Според податоците од истражувањето, речиси 80 проценти од работодавачите забележуваат дека нововработените во нивните фирми
Едно од прашањата што се провлече е дека недостасуваат оние меки вештини, комуникациски способности, подготовка на биографија, тимска работа, што кај нас се уште на голем број од факултетите не се изучуваат.
имаат потреба од дополнителни обуки за да можат да работат.

Директорката на американската стопанска комора Соња Мегурк вели дека потребите на пазарот на трудот се разликува од она што универзитетите го произведуваат како кадар.

„Едно од прашањата што се провлече е дека недостасуваат оние меки вештини, комуникациски способности, подготовка на биографија, тимска работа, што кај нас се уште на голем број од факултетите не се изучуваат.“

Консултантот за човечки ресурси Биљана Ацевска вели дека во Македонија се создава вишок на магистри кои не знаат да го пратикуваат знаењето што го стекнале на универзитетите.

Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје

„Која методологија би ја применил и би ја препорачал на својот работодавач во сферата за која што добил диплома? Тој не знае да раскаже ниту тоа што го напишал неговиот професор во учебниците.“

Менаџер со човечки ресурси од ИТ секторот, Искра Трајковска вели дека за да се наминат дел од проблемите со кои се среќаваат со студентите кои доаѓаат на пракса, потребно е во универзитети да се воведат кариерни советници.
Студентите кога ќе дојдат кај нас се буквално изгубени, не знаат ништо за материјата, не знаат што треба да направат, што треба да научат, што треба да прашаат, како да се однесуваат.

„Студентите, кога ќе дојдат кај нас се буквално изгубени, не знаат ништо за материјата, не знаат што треба да направат, што треба да научат, што треба да прашаат, како да се однесуваат.“

Потпретседателот на управниот одбор на приватниот универзите Сефер Цановски вели дека професионална ориентација на младиот кадар уште пред да станат студенти е само еден дел од проблемот.

„Владините политики мотивираат што поголем број студенти да се запишат, а притоа не зголемувајќи го бројот на ресурси, односно што повеќе студенти да завршат, што повеќе магистри да магистрираат што ќе доведе до една презаситеност на пазарот.“

Деканот на Електотехничкиот факултет Миле Станковски вели дека има потреба од практиканство за студентите, но проблемот лежи во
Затоа што неможеме да очекуваме од државата која е страшно апатична да преземе нешто, треба нешто и ние да преземеме, а и Универзитетот. Значи треба да се разбудат студентите, но и компаниите кои се исто така апатични затоа што објавуваат оглас во весник, но не прецизираат што точно се бара од
студентите.
капацитетите на стопанството да ги прими сите студенти:

„Меѓутоа проблематично е стопанството да апсорбира во три месеци, 80 илјади студенти.“

Професорот Борче Давитковски смета дека измените во законот за задолжителна пракса од 30 дена нема да понуди квалитетна обука.

,,Тоа ќе биде едно шетање, бидејќи професорот има обврска да даде упатница дека некој е студент на Правен факултет и тој сега со тоа мое писмо ќе шета по бизнис заедницата, собрание, судови, кај ќе најде врска за да присуствува.“

Студентот Бобан Георгиевски заклучи дека проблемот е во неколку сфери:

„Затоа што не можеме да очекуваме од државата која е страшно апатична да преземе нешто, треба нешто и ние да преземеме, а и Универзитетот. Значи треба да се разбудат студентите, но и компаниите кои се исто така апатични затоа што објавуваат оглас во весник, но не прецизираат што точно се бара од студентите.“

И факултетите и бизнис заедницата во едно се сложни, потребни се реформи зкои нема да бидат само проформа, но претставниците на министертвата за образование и труд и социјална политика не присуствуваа на јавната дебата за да ги слушна проблемите кои ги мачат двата сектора за да можат заедно да влијаат на подобрување на пазарот на трудот.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG